📷 СВЕТНА СПОМЕНИКОТ НА ХЕРОЈОТ СТОЈМЕНОВИЌ Нема траги од вандалството, а нема ни од вандалите

Во објава на својата официјална страна на Фејсбук, градоначалникот Стефковски информира дека денеска се извршени активностите за обновување на споменикот на херојот Стојменовиќ и иконите на светиот крст во Инџиково кои беа оштетни од вандалски чин на Илинден.

461

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска го посети местото каде што е поставен споменикот на херојот Горан Стојменовиќ и светиот крст во Инџиково.

Во објава на својата официјална страна на Фејсбук, градоначалникот Стефковски информира дека денеска се извршени активностите за обновување на споменикот на херојот Стојменовиќ и иконите на светиот крст во Инџиково кои беа оштетени од вандалски чин на Илинден.






Во својата објава Стефковски напиша:

„Исчистен споменикот на херојот Горан Стојменовиќ и иконите на светиот крст во Инџиково. Денеска се реализираа активностите за чистење на споменикот на херојот Горан Стојменовиќ кој загина во борбите во Диво Насеље и иконите на светиот крст во Инџиково. Како што напишав на Илинден, денот кога беше извршен срамниот и вандалски чин на уништување, денеска споменикот и иконите се обновени. Само народ и држава никогаш нема да го заборавиме делото на оние кои го загубиле животот за слободата на нашата Македонија“, напиша Стефковски.

Поврзани содржини