СУДОТ МУ НАМАЛИ 10 ГОДИНИ ОД КАЗНАТА Велешанецот што прегази девојче наместо 18 ќе лежи 8 години

216

Апелациониот суд од Скопје му ја намали затворската казна од 18 на 8 години на возачот Ангелче Николов (28) од Велес, кој прегази 11-годишно девојче и избега, потврди Основниот суд Велес.

На Николов му се судеше за две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Телесни повреди доби и мајката на девојчето. Во моментите кога го возел „мерцедесот“ тој имал забрана за управување на возило.






Николов има забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од 5 години.

Вештачењето покажало дека возачот во моментот кога се случила несреќата, на 17 декември 2022 година, возел под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената на тоа место. Сообраќајката се случила на обележан пешачки премин. Николов призна вина што му беше земено како олеснителна околност.

 

Поврзани содржини