Седи, кец, Бујар Османи!

Пак имате некаква мака, господине министер, па глумите професор. Пак нешто треба да се скрие од македонскиот народ?

5,797

Нема потреба од мачење, господине Бујар Османи, нема потреба да се трудите да бидете некаков професор. Сите ние добро ја читаме ги познаваме и преговарачката рамка и европската патека на Македонија.

Гледам, денеска се трудите да ги намалите значењето и местото на Договорот за добрососедство со Бугарија и на катастрофалните протоколи од 2019 и од 2022 година, во процесот на наше зачленување во ЕУ и во преговарачката рамка, кои вие ги прифативте (едниот документ е и со ваш потпис).






Од која мака, господине министер? Зар дури денес ја разбравте штетноста на тие три документи, кои ги прифативте, иако ви беше издробено и објаснето како на деца од осмолетка, колку се штетни? Нели бевте горди на тие документи?

Нели беа достигнувања?

Од каде сега нè убедувате дека не се воопшто значајни во преговарачката рамка токму тие документи? Нешто не е во ред?

Нешто се смени или пак треба нешто да се скрие од македонскиот народ и граѓаните на Македонија?

Еве ви еден предлог. Не дека ќе го прифатите, туку со неприфаќањето да биде јасно дека и денес не зборувате искрено:

Ако е точно сето тоа што го зборувате денеска, господине министер, поништете ги протоколите со Бугарија и повлечете се од Договорот за добрососедство со Бугарија! Само така ќе докажете дека денес достојно ја зборувате вистината.

Штом се безначајни, како што тврдите вие, тие три документи во преговарачката рамка, ниту една европска институција или европска држава нема да има аргументи да се лути, да замери или да нè блокира заради таква одлука на Република Македонија. Нема никој да се побуни за толку незначајни документи. Нели, логично е? Или пак си играте маркетинг на сметка на македонските национални прашања?

А доколку, господине Бујар Османи, почнувате да разбирате дека политичкото насилство кое беше направено врз македонскиот народ и врз мнозинството граѓани на Република Македонија во последните 5 години нема да даде никаков добар плод, тогаш е време да се извините за сите одлуки кои вие ги донесовте, а се однесуваат на идентитетските и културолошките засебности на македонскиот народ, без никаква согласност од тој народ.

 

(Фејсбук статус на авторот, насловот и поднасловот се редакциски)

Поврзани содржини