ВМРО НЕМА ПРИЧИНА ДА БИДЕ „АЛБАНОФОБ“ ПОРАДИ ДУИ Џевдет Хајредини демистифицира спинови

1,776

Од каде сега одеднаш од ВМРО станаа „албанофоби“, кога се знае дека не многу одамна скоро 10 години со ДУИ беа во заедничка власт?

Од Груевски побараа и тој, за да биде раат цел мандат, со сила ги натера своите пратеници да гласаат за амнестија на хашките случаи.






Невиден притисок од страна на највисоки претставници на САД, ЕУ и НАТО беше потребен до последните 20 минути ДУИ да се оттргне од ВМРО.

Со поддршка на ДУИ, Груевски близу една милијарда евра потроши за проектот Скопје 2014.

Во 2014 година, ДУИ, иако имаше 2/3 мнозинство, во договор со ВМРО, побара предвремени избори само за да се овозможи Иванов повторно да биде избран за претседател на државата.

Никогаш Али Амети не се дистанцираше од антизападната политика на Груевски, напротив, го фалеше дека е прозападно ориентиран.

Објавени се тајни разговори со Груевски од кои се слуша како Али Амети на македонски јазик бара од него да не се уриваат дивоградбите на узурпирано државно земјиште на функционери на ДУИ.

Според тоа, ВМРО најмалку има причина да биде „албанофоб“ поради ДУИ.

(ФБ статус на Џевдет Хајредини)

Поврзани содржини