(ВИДЕО) ГОРИ ДЕПОНИЈАТА КАЈ АКВА-ПАРКОТ ВО КАРПОШ Пожарникарите два часа се борат со пожарот
Запалена е депонијата, гори ѓубриште и смет кое се наоѓа веднаш зад аква-паркот. Екипите се излезени на терен и веќе два часа го гаснат пожарот, ни изјави Владимир Симоновски од скопската Противпожарна бригада.
Црн чад ги вознемири жителите на Општина Карпош, а како што за Плусинфо потврди Владимир Симоновски од скопската Противпожарна бригада, пожар избувнал во депонијата која се наоѓа во близина на СЦ „Борис Трајковски“.
– Запалена е депонијата, гори ѓубриште и смет кое се наоѓа веднаш зад аква-паркот. Екипите се излезени на терен и веќе два часа го гаснат пожарот – ни изјави Симоновски.
Во продолжение погледнете го видеото: