ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР Петмина се повредени и хоспитализирани
Во несреќата учествувале три возила, едно со гостиварски, две со тетовски таблички.
Во сообраќајна несреќа меѓу три патнички возила денеска на автопатот Тетово – Гостивар, повредени се пет лица. Во несреќата учествувале автомобил „сеат леон“ со гостиватски регистарски таблички, „фолксваген голф“ и „фиат“ со тетовски регистарски таблички. Едното возило од ударот се превртело на кровот.
Како што информираа од МВР, пет лица се повредени и се пренесени во гостиварската болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата излегла екипа од СВРТ Тетово и извршила увид.