ВАЖЕН БИЛ УГЛЕДОТ НА ПАРТИЈАТА, А НА ДРЖАВАТА? Софија Куновска го повикува Ковачевски да побара одговорност од Мерко
„За тоа дали премиерот треба и Републичкиот јавен обвинител да го повика да си понесе одговорност, Ковачевски има уште некој ден на располагање“, пишува Куновска.
Замрзнувањето на партиските функции на Мерко треба да ни испрати порака дека партијата не смее да си го руши угледот и да трпи штета во партиските редови од несовесното поведение на истиот, за разлика од местото во државата на кое тој може слободно да си продолжи како и до вчера со делувањето иако е веќе личност од црната листа на САД осомничен за тешки злоупотреби. Тоа што државата губи углед и што материјалната штета е на сметка на граѓаните, актуелната власт не ја интересира.
Премиерот можеби не може да делува на Мерко и да го принуди да поднесе неотповиклива оставка, но макар и на вербално ниво, мора да има став јасен како ден по тоа прашање, дека човек од црна листа не може да продолжи натаму на чело на единица на локална самоуправа, како и до вчера.
За тоа дали премиерот треба и Републичкиот јавен обвинител да го повика да си понесе одговорност има уште некој ден на располагање. Па тој нека го повика следниот по него за кој смета дека е одговорен и така натаму до крај.
(Фејсбук статус на авторката)