(ВИДЕО) ГУСТ ЧАД СЕ ШИРИ НА СИТЕ СТРАНИ, ЛУЃЕ ЗАГЛАВЕНИ НА РОЛЕРКОСТЕР Избувна пожар во најголемиот забавен парк во Германија

Европа-парк е огромен забавен парк лоциран во градот Руст во покраината Баден-Виртемберг.

875

Голем пожар избувна денеска во најголемиот забавен парк во Германија, Европа-парк, што доведе до евакуација на посетителите.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа црн чад од дел од забавниот парк.

 






Европа-парк е огромен забавен парк лоциран во градот Руст во покраината Баден-Виртемберг.

– Силно експлодираше два-три пати. После тоа пожарот се проширил – изјавил еден од очевидците за швајцарскиот портал „20min“ и додал дека луѓето се заглавиле на ролеркостерот и биле принудени да бегаат.

Причината за пожарот засега не е позната.

Паркот е отворен во 1975 година, а цената на билетот се движи меѓу 40 и 300 евра.

Поврзани содржини