КУЧЕТО-УБИЕЦ ОД ПИНТИЈА НЕМА БЕСНИЛО Живее во полициски бокс, не е вратено кај сопственикот

Од Обвинителството за Канал 5 велат дека го очекуваат вештиот наод од извршената обдукција, по што ќе се донесе јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.

522

Трите кучињата од скопската населба Пинтија, од кои едно од нив пред два месеца до смрт искаса 8-годишно дете, се социјализирани и немаат беснило, утврдил надзорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, но сепак за нивната судбина последниот збор ќе го има ОЈО, вели првиот човек на агенцијата Николче Бабовски.

Од Обвинителството за Канал 5 велат дека го очекуваат вештиот наод од извршената обдукција, по што ќе се донесе јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.






– Се извршија три клинички прегледи, потоа се изврши и тест за социјализација, кој по барање на стручното лице траеше малку подолго поради целата ситуација и сето тоа покажа дека животните се здрави, не се агресивни и понатаму овој предмет е во надлежност на ЈО. Сѐ што беше професионално од наша страна е завршено, понатаму е на Јавното обвинителство, а кучињата се сѐ уште во центарот на МВР, не се вратени кај сопственикот – изјави Бабовски.

Несреќата се случи на 11 април кога 11-годишно дете беше до смрт изгризано од кучето на соседот во скопската населба Пинтија.

Кучето на соседот било англиски бул мастиф старо 12 години.

Поврзани содржини