(ВИДЕО) АВТОМОБИЛ „СЕ УДАВИЛ“ НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА Посетителите го спасуваат со јажиња
Спасувачката мисија што стана хит на социјалните мрежи, се случила на грчкиот остров Егина.
Необична ситуација се случила на грчкиот остров Егина во близина на Атина кога автомобил Škoda Karoq случајно завршил во морето. За среќа, посетителите од блиската плажа го забележале автомобилот и веднаш се организирале во спасувачка акција.
Несреќата се случила минатиот петок, а засега не се познато како автомобилот се стркалал во морето. Во официјалното соопштение само стои дека автомобилот бил паркиран на пристаништето.
Група од десет луѓе не ја препуштиле оваа ситуација на случајноста, па почнале да го спасуваат автомобилот пред водата да стигне до кабината и да ја потопи.
Тие ги здружиле силите, закачиле јаже на автомобилот и успеале да го извлечат автомобилот на брегот.
Некој од посетителите на плажата успеал да го сними необичниот настан, а видеото набрзо стана вистински хит на Тик-Ток.
@maraislabonita Μια βολτα στο λιμανι της Αιγινας κανεις; #aegina #aeginaisland #islandertiktok #tiktok #car #caraccident #fun #funnyvideos #funny #summer #summer2023 ♬ Vougiouklaki…O glares – Savouidaki.m