НОВИ ИЗБОРИ, ДИЈАЛОГ И СМИР-СМИР Три барања за Косово од ЕУ и од САД

Барањето на Лајчак и Ескобар е упатено до косовскиот претседател Албин Курти. Но, тие изјавија дека се само „на почетокот на мисијата“.

218

Смирување на ситуацијата на северот на Косово, нови избори и враќање на дијалогот заеднички побараа Мирослав Лајчак од ЕУ и Габриел Ескобар, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан.

Нивното барање е упатено до косовскиот претседател Албин Курти. Но, Лајчак и Ескобар изјавија дека се само „на почетокот на мисијата“.






Европските и американските дипломати денеска во Белград ќе ги продолжат разговорите за ситуацијата на Косово со српскиот претседател Александар Вучиќ, откако претходно ја посетија Приштина. Во Приштина Лајчак речиси два часа зборуваше со Курти каде му ги претстави трите барања на ЕУ и САД во средба за која реча дека била „долга, искрена и тешка“.

– Да постигневме договор (за изборите), ќе го кажев тоа – изјави Лајчак по средбата, пренесува Танјуг, повикувајќи се на медиуми од Косово.

Лајчак рекол и дека новите албански градоначалници во општините на северот на Косово се избрани легално, но дека немаат легитимитет.

500 нови војници на НАТО ќе пристигнат од Турција во Косово како засилување по неодамнешните инциденти на северот на Косово, каде повредни беа триесетина припадници на КФОР и педесетина Срби.

Поврзани содржини