АХМЕТИ, ДАЈТЕ МУ ОДОБРУВАЊЕ НА КОВАЧЕВСКИ ДА ОДИ НА СРЕДБА СО МИЦКОСКИ Ковачки смета дека земјата ќе падне во криза по неуспешните уставни измени
Според Ковачки, Ковачевски треба да се охрабри да прифати и организира тет-а-тет средба со Мицкоски.
Според Ковачки, Димитар Ковачевски треба да се охрабри да прифати и организира тет-а-тет средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски затоа што само тоа е единствениот пат за излез од политичката криза која што ја создадоа СДС и ДУИ.
Тој апелираше лидерот на ДУИ Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски за средба со Мицкоски, бидејќи како што рече мора да се најде начин Македонија да излезе од оваа политичка криза во која се наоѓа.
– Апелираме до Али Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски, да најде начин да дојде на таа средба, затоа што после неуспехот на уставните измени Македонија ќе западне во политичка криза. Македонија мора да најде начин да излезе од оваа ситуација – рече Ковачки.