АЛ ПАЧИНО ЌЕ СТАНЕ ТАТКО ПО ЧЕТВРТИ ПАТ Актерот на 83 години чека бебе со 29-годишната девојка
Пачино и Алфала најпрво ги поттикнаа гласините дека се во врска откако беа забележани како одат на вечера минатиот април.
Ал Пачино (83) ќе стане татко по четврти пат, а неговата 29-годишна девојка наводно е бремена.
Според порталот ТМЗ, славниот актер и неговата партнерка Нур Алфала се само еден месец од пристигнувањето на принова во нивното семејство.
Актерот веќе ја има ќерката Џули (33) со поранешната девојка Јан Тарант, како и близнаците Оливија и Антон, двајцата 22 години, со актерката Беверли Д’Анџело.
Пачино и Алфала најпрво ги поттикнаа гласините дека се во врска откако беа забележани како одат на вечера минатиот април.
Порталот „Пејџ сикс“ потоа објави дека повеќе извори потврдиле дека веќе со месеци се во тајна врска.
„Пачино и Нур почнаа да се гледаат за време на пандемијата. Таа главно излегува со многу богати постари мажи… Таа е со Ал веќе некое време и одлично се согласуваат“, изјавил извор за изданието.
„Се чини дека разликата во години не е проблем, иако тој е постар од нејзиниот татко.“
„Таа се движи со богаташи, со џет-сетот и доаѓа од семејство со пари“.
Алфала претходно беше поврзана со фронтменот на „Ролинг стоунс“ Мик Џегер, со кого се забавуваше кога таа имаше само 22 години, а тој имаше 74 години, како и со милијардерот Николас Бергруен (61).