СЕЛИН ДИОН ОТКАЖА СЀ ЗА 2023 И 2024 ГОДИНА Пејачката боледува од ретка невролошка болест која погодува еден од милион луѓе во светот
Пејачката на својот инстаграм-профил лани објави видео во кое вели дека боледува од ретка невролошка болест која погодува еден од милион луѓе во светот.
Музичката ѕвезда Селин Дион оваа своја одлука ја образложи со ставот дека не е доволно силна за турнеја бидејќи се бори со ретко невролошко нарушување, пренесува АФП.
Пејачката на својот инстаграм-профил лани објави видео во кое вели дека боледува од ретка невролошка болест која погодува еден од милион луѓе во светот.
„Многу ми е жал што уште еднаш ве разочарувам сите… и иако ми го крши срцето, најдобро е да откажам сè додека навистина не бидам подготвен да се вратам на сцената“, напиша Дион на Твитер. „Не се откажувам… и едвај чекам повторно да се видиме! додаде таа.
Во изјавата објавена од нејзиниот менаџер на турнеја се вели: „На големо разочарување ве известувам дека на светската турнеја „Courage“ на Селин Дион се откажани сите преостанати настапи договорени за 2023 и 2024 година.
Во декември 2022 година, таа објави видео на Инстаграм во кое откри дека неодамна и бил дијагностициран синдром на вкочанетост на мускулите и дека нема да биде подготвена да ја започне својата европска турнеја во февруари како што е планирано.
Таа рече дека нарушувањето предизвикува грчеви во мускулите и ја спречува да ги користи гласните жици „и да пее како што е навикната“