(ВИДЕО) АКТЕРКАТА СЕ ИЗНЕРВИРА Џејн Фонда ѝ ја удри од глава наградата на победничката режисерка во Кан

Актерката Џејн Фонда и на 86 години продолжува да воодушевува со својот неверојатно младешки изглед, а на овогодинешниот Филмски фестивал во Кан ја изненади режисерката Жастин Трие со драматичен испад.

3,487

Актерката Џејн Фонда и на 86 години продолжува да воодушевува со својот неверојатно младешки изглед, а на овогодинешниот Филмски фестивал во Кан ја изненади режисерката Жастин Трие со драматичен испад.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cecilia (@jane.and.fonda)







Фонда на режисерката и ја врачи наградата „Златна палма“ за филмот „Анатомија на падот“, која таа заборавила да ја земе со себе кога се симнувала од сцената. Актерката потоа се обидела да и го привлече вниманието, но набрзо го изгубила трпението и наградата ја фрлила директно во главата на режисерката.

Моментот секако го уловија камерите, а Треи се однесувала како да не го ни почувствувала „ударот“.

Исфрустрираната Фонда потоа истрчала по неа и бесно гестикулирала, а видеото станало вирален хит.

 


Сепак, некои тврдат дека целата сцена била една голема шега.

Инаку, Жастин Трие стана третата режисерка која ја добила „Златната палма“, а нејзиниот психотрилер „Анатомија на падот“ зборува за успешна авторка која беше обвинета за убиство на нејзиниот сопруг.

 

Поврзани содржини