ЛАМБЕ Е СРЕЌЕН ШТО ГО ЗАПАЛИЛ БУГАРСКИОТ КЛУБ Кулминираа патриотските чувства

347

Пејачот Ламбе Алабаковски за првпат во јавноста во Бомбакис поткаст зборуваше за палењето на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Алабаковскибил радосен и среќен за тоа што го подметнал пожарот во клубот.






-Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми – изјави пејачот во Бомбакис поткастот.

Поврзани содржини