ВОЗИЛО ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ ВО ДЕЛЧЕВСКО Нема повредени лица
Очевидци за МИА велат дека ова е критична делница каде за краток период се имаат случено неколку сообраќајни незгоди, заради што апелираа на интервенција на острата кривина кај село Стар Истевник каде се имаат случено сообраќајните несреќи.
Возило излета од регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово кај делчевското село Стар Истевник. Екипа на делчевската полиција врши увид на местото на несреќата, каде сообраќајот се одвива по едниот дел од коловозната лента. Според информациите од полицијата, нема повредени лица во несреќата.