ГО ДОБИВМЕ ДОГОВОРОТ ОД СВИРКАЧИ, ФАЛАТ ЦЕНИ ЗА НАЈМАЛКУ 30 СТАВКИ Мицкоски објасни зошто договорот не кореспондира со домашното законодавство

Доколку утре имаме спор, а ќе имаме бидејќи во самиот договор нема цени од тоа што можевме да го видиме за најмалку 30 ставки. Тогаш ние ќе треба да се појавиме во Париз пред меѓународната стопанска организација и да го водиме тој спор, кажа Мицкоски велејќи дека договорот нема врска со македонското законодавство и дека е правен според англосаксонки, а не континнетален модел и дека освен на почетокот речиси нигде не се споменува меѓународниот стандард Фидик.

1,659

„Еве денеска можеме да кажеме дека овој договор на Ковачевски и Груби или Груби и Ковачевски е скандалозен по стотина основи и секое излегување во јавноста по еден основ ќе објавуваме. Ќе кажам денеска дека во договорот има еден елемент кој вели дека законодавството пред кој овој договор одговара е законодавството на Англија и Велс”.

Вака изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното отворање на Градскиот комитет на партијата на улица Македонија. Тој истакна дека ги анализирале и договорите на „Актор” и на „Синохидро” кои и едниот и другиот се поврзани со законодавството во Македонија. За разлика од тие два проекти овој проект важечко при евентуален спор ќе биде законодавството на Англија и Велс.






          Доколку утре имаме спор, а ќе имаме бидејќи во самиот договор нема цени од тоа што можевме да го видиме за најмалку 30 ставки. Тогаш ние ќе треба да се појавиме во Париз пред меѓународната стопанска организација и да го водиме тој спор – кажа Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека при евентуален спор важечко не е законодавството на Македонија туку на Англија и Велс. Скандалот да биде уште поголем тој е сосема спротивен модел односно аглосаксонски модел и нема никаква врска со континенталниот модел како што е македонското законодавство.

          Втора работа која ќе ја кажам денеска е дека освен во клучните зборови на почеток на договорот зборот Фидик никаде понатаму во самиот договор не се споменува бидејќи велеа според Фидик ќе го прават, па така освен во клучните зборови никаде понатаму зборот Фидик го нема. Што е зборот Фидик? Тој е меѓународен стандард по кој се реализираат меѓународни договори – вели Мицкоски.

Мицкоски упати повик до претседателот на Стопанската комора на Македонија да покани претставници од ВМРО-ДПМНЕ на настан за договорот со „Бехтел и Енка”.

        –  Го повикувам претседателот на стопанската комора на Македонија, Бранко Азески бидејќи организира претставување на овој договор во рамките на стопанската комора на кој ќе биде првиот вицепремиер Артан Груби и ќе го презентира да дозволи и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе од ВМРО-ДПМНЕ  да бидат присутни на тој настан и да го презентираме нашиот став пред стопанствениците во Македонија за овој договор – кажа Мицкоски.

Меѓу другите теми, Мицкоски зборуваше и за уставните измени. Тој го повика премиерот Димитар Ковачевски „да не биде кукавица“ и да ги поднесе измените во Собранието „па да видиме дали ќе му поминат“.

За идејата за смена на државниот грб за да се најде единство помеѓу партиите за уставните измени, Мицкоски изјави дека тоа се два различни процеси кои не се поклопуваат.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ работната група за вметнување на Бугарите во Преамбулата на Уставот е затворена тема за него и за партијата, но промената на државниот грб е тема за која, според него, треба и може веднаш да се почне постапка во Собранието.

Поврзани содржини