КОНЕЧНО ИЗБРАН СПИКЕР НА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Гласањето укажува која е можната владина коалиција

Росен Желјазков (55) бил советник на премиерот Бојко Борисов за прашања од административни реформи и воведување електронска влада, министер за транспорт, информатичка технологија и врски, како и пратеник.

355

Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС е избран за претседател на новиот бугарски Парламент, со 136 гласа „за“ и 94 воздржани. Никој не гласаше против, јави БТА. Другата номинација за претседател на Собранието ја предложи „Преродба“ – Петар Петров, но тој доби само 36 гласа „за“, 59 против и 139 воздржани.

Росен Желјазков (55) беше назначен за советник на премиерот Бојко Борисов за прашања од административни реформи и воведување електронска влада, бил министер за транспорт, информатичка технологија и врски, како и пратеник.






На 11 април 2023 година, на состанокот со пратениците на ГЕРБ во седиштето на партијата во Софија, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, објави дека коалицијата ГЕРБ-СДС ќе го предложи Росен Желјазков за претседател на 49-то Национално собрание.

Двете коалиции во Бугарија, кои имаа најмногу освоени гласови на предвремените парламентарни избори од 2 април, „ГЕРБ-СДС„ и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) вчера се договорија Желјазков да биде избран за претседател на Собранието.

За негов избор беа потребни најмалку 121 глас. ГЕРБ-СДС има 69 по последните предвремени парламентарни избори на 2 април 2023 година.

Двете политички коалиции договорија заедничка законодавна програма, како и изборот на претседателот на Народното собрание и правната комисија да биде врз ротациски принцип.

Поврзани содржини