Холивудскиот актер Џејми Фокс завршил во болница поради итен медицински случај, открила неговата ќерка Корин Фокс.
Семејството на социјалните мрежи објавило дека 55-годишниот актер претрпел медицинска компликација, поради која морал да биде хоспитализиран. Претходно, Фокс ја снимал акционата комедија „Back in Action“ со колешката Камерон Дијаз.
Членовите на семејството исто така објавиле дека Фокс сега закрепнува, иако не откриле каков здравствен проблем имал тој. Меѓутоа, ТМЗ го нарекол неговиот здравствен проблем „итен медицински случај“ и додал дека Фокс сега повторно комуницира.
View this post on Instagram
„Сакавме да споделиме дека, мојот татко Џејми Фокс доживеа медицинска компликација вчера. Знаеме колку го сакате и ги цениме вашите молитви. Семејството моли за приватност во текот на овој период. Ви испраќаме многу љубов, семејството Фокс“, стои во објавата на инстаграм-профилот на Корин.
Се уште не е познато кога Џејми ќе биде пуштен од болница и ќе се врати на филмскиот сет.
ФОТО: Инстаграм