СЕПАК НЕ БИЛ ТАТКО СО ДВЕ ДЕЦА, ТУКУ ДВАЈЦА ТАТКОВЦИ И ДЕТЕ! Илустрацијата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ преземена од сајт за настава за ЛГБТ содржини

Илустрација е преземена од апликација Твинкл и е дел од илустрацииите на „Месец на историја ЛГБТ 2023“ како дел од наставни содржини за еднополови и еднородителски семејства.

3,752

Илустрацијата, која е користена во наставните планови на ОУ Свети Кирил и Методиј од Скопје за наставната единица „Семејство“, за која училиштето тврдеше дека прикажува традиционално семејство со татко, двајца синови, мајка и ќерка, всушност е преземена од апликација Твинкл и е дел од илустрацииите на „Месец на историја ЛГБТ 2023“ како дел од наставни содржини за еднополови и еднородителски семејства.

Истата илустрација, која беше објавена на Фејсбук, може да се најде проследена со легендата „двајца татковци и нивниот син“. Единствената разлика меѓу оригиналното наставно ливче и ливчето што им е дадено на првооделенците во македонското училиште е насловот, односно во оригиналот пишува „Рецепт за специјално семејство“, додека другото е насловено „Рецепт за среќно семејство“. Освен тоа, овие илустрации се симнуваат за користење со плаќање.






На овие наставни листови реагираа родители, како и корисници на социјалните мрежи, кои тоа го протолкуваа како дел од ЛГБТ- пропаганда во македонските училишта, но училиштето тврди дека „станува збор за злонамерна, избрзана и извртена перцепција на целата ситуација, онака како што некој сакал да ја гледа и толкува“.

„Според наставната содржина децата на наставниот лист работат на рецепт за среќно семејство; мајка, татко и деца. Не станува збор за работни листови од МОН. Ова е наставен лист и учениците го работат за време на часот. Според официјалната наставна програма од МОН и Бирото за развој на образованието, предметот општество за прво одделение ја содржи методската единица „Семејство“. Истата е во корелација со содржините по предметите, македонски јазик, ликовно и музичко образование со точна дефиниција на целите на часот“ – се вели во одговорот од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ до Плусинфо.

– Во објавената фотографија, односно завршна активност од часот, се претставени татко со синови и мајка со ќерка, еден пример на еднородителско семејство и пример на згрижувачко семејство – изјави директорката на училиштето Соња Кирковска за порталот „Вистиномер“.

На ова реагираше и Коалицијата за заштита на децата.

– Поради ваквите лаги и манипулации, сметаме дека нема место за г-ѓата Кирковска во образовните институции, со оглед на тоа што таа претставува типичен лош пример за децата. Затоа, бараме под итно да си даде оставка, а од родителите кои потпишале изјава побараа јавно да се извинат и да ја признаат грешката – велат од Коалицијата.

Во самото објаснување на работната задача, велат од Коалицијата, го пишува следново:

„Самостојни активности за месецот на историјата на ЛГБТ+ Прославете го месецот на историјата на ЛГБТ+ со овој забавен лист со KS1 (за деца на возраст од 5-7 год.) активности за славење различни семејства. Овој лист вклучува листа со зборови и образец за пишување за учениците да создадат свој рецепт за посебно и со љубов исполнето семејство. Совршен е за предавања во врска со различноста и еднаквоста за време на месецот на историјата на ЛГБТ+, Прајд месецот или во кое било време од годината.“

Плусинфо се обрати повторно до ОУ „Свети Кирил и Методиј“ со барање да одговори на овие најнови сознанија за потеклото и природата на илустрацијата употребена во нивните наставни листови и евентуалниот одговор ќе го објави, како што го објави и претходниот.

НЕ СЕ ИСТОПОЛОВИ СЕМЕЈСТВА ТУКУ ТАТКО СО СИНОВИ И МАЈКА СО ЌЕРКА! Училиштето ја реши мистеријата со збунувачките наставни листови

ДВАЈЦА ТАТКОВЦИ И ДЕТЕ – РЕЦЕПТ ЗА СРЕЌА!? Какви работни листови добиваат првоодделенци

Поврзани содржини