ЧЕТИРИ ЕКСПЕРТИ ЗЕЛЕ 900.000 ЕВРА САМО ЗАТОА ШТО СОСТАВИЛЕ ДОГОВОР? Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто воопшто власта ангажирала правен советник

Зошто владата воопшто распишувала тендер за правен трансакциски советник, кога има служби и институции кои можеле да го преговараат и склучат договорот? Овие 900.000 евра кои власта ги исплатила можеле да бидат заштедени, доколку Ковачевски и Груби ги ангажираа државните служби за ова за што ги платиле наводните експерти, се вели во соопштението.

408

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта им дала 900.000 евра на четири лица, меѓу кои експери и адвокати за да го состават договор за надзор. Во соопштение до јавноста тие велат:

„Со договорот за надзор Ковачевски и Груби овозможија 4 лица да наплатат 900.000 евра за месец дена само затоа што составиле договор.






Дополнително овие 4 експерти, меѓу кои адвокати од Македонија и соседството ќе наплатат уште 300.000 евра до крајот на изведбата.

Секој од овие 4 лица наплатил 225.000 евра за месец дена ефективна работа.

Зошто владата воопшто распишувала тендер за правен трансакциски советник, кога има служби и институции кои можеле да го преговараат и склучат договорот?

Овие 900.000 евра кои власта ги исплатила можеле да бидат заштедени, доколку Ковачевски и Груби ги ангажираа државните служби за ова за што ги платиле наводните експерти.

И Ковачевски и Груби се компромитираа со надзорот. Очигледна е сомнителноста на целиот случај и одговорност мора да има“, стои во прогласот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини