„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Е МЕДИЦИНСКИ ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Сеопфатна грижа и поддршка за фудбалерите

Болницата станува официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација, обезбедувајќи сеопфатна медицинска грижа и поддршка за фудбалерите на А националниот тим и Националниот тим до 21 година.

0

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фудбалската федерација на Македонија склучија договор за спонзорство и соработка, со кој болницата станува официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација, обезбедувајќи сеопфатна медицинска грижа и поддршка за фудбалерите на А националниот тим и Националниот тим до 21 година.

По повод почетокот на соработката, фудбалските репрезентативци Ѓоко Зајков, Бојан Миовски и Езѓан Алиоски, заедно со селекторот Гоце Седлоски, го посетија спортскиот центар „Премиум“, каде што остварија средба со менаџментот на болницата и се запознаа со медицинските капацитети и услугите што ќе им бидат на располагање во рамките на новото партнерство.






– Чест и задоволство ни е што започнуваме соработка со фудбалерите кои ја претставуваат нашата земја на меѓународната спортска сцена. Како болница, горди сме што ќе бидеме нивна медицинска поддршка. Се надеваме дека ќе имаат што помалку потреба од нашите услуги, но нашиот тим секогаш ќе биде тука за нив. Особено ни е драго што, покрај А националниот тим, ќе обезбедуваме медицинска поддршка и за подмладокот до 21 година – изјави д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија.

Во рамките на соработка, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе обезбедува континуирана медицинска грижа за репрезентативците и членовите на стручниот штаб за време на официјалните подготовки и репрезентативните собири, како и целосна медицинска поддршка за време на меѓународните натпревари на А националниот тим. Поддршката ќе опфаќа превенција, дијагностика, лекување и рехабилитација на спортски повреди, со цел зачувување на здравјето и физичката подготвеност на фудбалерите.

– За нас, фудбалерите, оваа соработка значи дополнителна сигурност и доверба, бидејќи знаеме дека за нашето здравје ќе се грижат врвни медицински професионалци. Подготвени сме да го дадеме својот максимум на теренот и да продолжиме да ги радуваме сите што нè поддржуваат – изјави репрезентативецот Ѓоко Зајков.

Со ова партнерство, „Аџибадем Систина“ ја потврдува својата посветеност на здравјето на спортистите и поддршката на македонскиот спорт, овозможувајќи им на репрезентативците сигурна и навремена медицинска грижа на патот кон нови спортски успеси.

Поврзани содржини