ВЛАДА УРОШЕВИЌ Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“ Жирито гласаше за книгата со долг наслов

Награденото дело е седмиот роман на Урошевиќ, а освен што е едно од неговите најобемни дела, препознатливо е по долгиот наслов.

156

За својот роман „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, македонскиот писател Влада Урошевиќ ја доби овогодишната книжевна награда „Роман на годината“.

Добитникот на наградата беше соопштен денеска на прес-конференција во кафе-книжарницата „Буква“. Оваа година, во жири-комисијата членуваа Симона Јованоска, Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева.






Награденото дело е седмиот роман на Урошевиќ, а освен што е едно од неговите најобемни дела, препознатливо е по долгиот наслов.

Писателот за време на промоцијата на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, изјави дека сакал да напише старовремски роман.

Поврзани содржини