СЕ ЗАНИША ХРВАТСКА Земјотрес од 4,8 степени удри на островот Крк, го почувствувале во западниот дел на земјата

Клара Рожман, новинарка од Јутарни од Риека вели дека облакодерите во Риека се занишале. Земјотресот доста силно е почувствуван и во Ровињ.

197

Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер ја стресе западна Хрватска близу островот Крк, на 10 километри под земјата. Траел десетина секунди.

„Денеска, 16 февруари 2023 година, во 10 часот и 47 минути, сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа силен земјотрес со епицентар кај Башчанска Драга на Крк. Магнитудата на земјотресот била 4,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил проценет на VI степени според ЕМС. Земјотресот е почувствуван низ хрватското крајбрежје“, се наведува во соопштението на Сеизмолошката служба.






– Не изгледаше безопасно, ни се затресе земјата под нозете и се слушна силен татнеж – изјавил жител од Крк за Јутарни Лист.

 

Жителите од областа околу епицентарот известуваат дека целата работа траела околу 10 секунди и дека се тресела доста силно. Се почуствувало тресење и на западниот брег на Истра.

Клара Рожман, новинарка од Јутарни од Риека вели дека облакодерите во Риека се занишале. Земјотресот доста силно е почувствуван и во Ровињ.

– Беше доста силно, доста се тресеше. Тоа беше повеќе татнеж и траеше меѓу пет и десет секунди – вели г-ѓа Едита од Ровињ.

Поврзани содржини