ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ УШТЕ СЕ БЕЗ ЈАНУАРСКАТА ПЛАТА Синдикатот на Клинички најави протест ако нема исплата до понеделник

Здравствените работници се револтирани.

295

Јануарска плата за здравствените работници уште нема, системот на Фондот за здравство(ФЗОМ) деветти ден е хакиран, а Синдикатот на Клиничкиот центар најави штрајк ако исплата нема до понеделник. Директората на Фондот, Магдалена Филиповска Грашковска, уверува дека е ангажирана фирма рачно да се избројат платите и боледувањата на вработените за да се изврши исплатата до понеделник.

Здравствените работници се револтирани.






Партијата Левица излезе со свое соопштение за случајот. Тие обвинуваат дека додека пратениците вртоглаво трошат за патни трошоци, здравствените работници уште не ја зеле платата која обично им стигнува на десетти во месецот.

Еве што напишаа тие:

„Додека пратениците кои имаат сопствени станови во главниот град навремено наплаќаат вртоглави суми пари за патни трошоци што обичниот народ не може да ги заработи за една година, јавните здравствени работници сè уште ја немаат земено јануарската плата што најчесто ја земаат околу десетти во месецот. A според законот доколку не се исплати платата во текот на денешниот ден, од утре почнува да тече каматa“, велат од партијата и препорачуваат дека за Македонија да ги задржи своите лекари ќе мора да им исплаќа навремено.

Поврзани содржини