33.000 ЗАГИНАТИ И 80.000 ПОВРЕДЕНИ, ТУРЦИЈА И СИРИЈА СЕ СООЧУВААТ СО ХУМАНИТАРНА КРИЗА Донирајте на 143-400, специјална програма на Канал 5 за донации за настраданите
Телевизијата Канал 5 од 14 часот до 18 часот во недела (12 февруари) емитува специјалната програма за донации за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија.
Телефонот за донации е 143-400.
Бројката на загинати во земјотресот веќе надмина 33.000 лица.
Во турските градови погодени од земјотресите се 32.071 тимови за пребарување и спасување кои продолжуваат да работат.
Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека во земјотресите се повредени 80.278 лица.
Настраданите подрачја се наоѓаат во тешка состојба и се соочуваат со хуманитарна криза.
Бидете хумани, донирајте!