СПАСЕН МАЖ ПО 149 ЧАСА ПОД УРНАТИНИ Бројот на загинати надмина 28.000

Бројот на загинати во Туркије и во Сирија по земјотресот од понеделникот наутро достигна 28.192. 

215

Триесет и петгодишен маж е спасен од урнатините на урната зграда во јужната турска провинција Хатај 149 часа по силниот земјотрес што го погоди регионот, јави турската државна новинска агенција Анадолија.

Мажот, идентификуван како Мустафа Саригул, бил пронајден меѓу урнатините на шесткатната зграда при скенирање.






Екипите за пребарување и спасување, како и воен персонал и членови на романскиот тим за пребарување и спасување, работеле пет часа за да го спасат човекот.

Бројот на загинати во Туркије и во Сирија по земјотресот од понеделникот наутро достигна 28.192.

Поврзани содржини