И СО ТАРАВАРИ НЕ ВРШАТ РАБОТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ Меџити вели дека им требаат уште 6 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните ни рекоа, добро е што излеговте за да го спасите ДУИ од Груби. Ние навистина сакаме да ја спасиме партијата и лидерот, порачаа од „огнената група“.

859

Сега за Европа ќе одат со Арбен Таравари, кој до вчера беше со Москва и со Левица. Оваа коалиција не е за Европа туку за спас на Артан Груби. За да се изгласаат уставни измени потребни сè уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но и тоа не е сигурно, па ќе треба да се обезбедат уште со нова акробација, рече Изет Меџити од вечерашната трибина во Гостивар на „огнената група“.

Тој зборуваше за иницијативата која ја повеле со сопартијците и за која рече дека е за спас на партијата и на  лидерот. Меџити се осврна и на рејтингот, кој според него има тренд на опаѓање и дека се неопходни промени.






– На овие средби граѓаните ми рекоа, добро што излеговте за да го спасите ДУИ од Груби. Ние навистина сакаме да ја спасиме партијата и лидерот. Али Ахмети треба да го собере Централното собрание и да видиме кој треба да седи и кој да оди. Од нас никој не бара да биде дел од Владата – истакна Меџити.

 

Поврзани содржини