ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ СОБРАНИЕ Повредени тројца пешаци, како и возачот и сопатникот од едното возило

Сѐ уште нема детални информации за повредените кои се пренесени во Ургентниот центар, во ГОБ „8 Септември“ и ГОБ „Св. Наум Охридски“

991

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која денеска се случи на крстосницата кај Собрание, а во која учествувале два автомобили, а при судирот биле повредени тројца пешаци, објави Курир.

Од МВР за Курир потврдуваат дека сообраќајката кај нив била пријавена околу 13:50 часот.






– Во несреќата случена на крстосница од улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“ учествувале автомобил „Пежо“ и автомобил „БМВ“. На повреди се пожалиле тројца пешаци, возачот и сопатникот на „БМВ“ – изјавија за Курир од МВР.

Сѐ уште нема детални информации за повредените кои се пренесени во Ургентниот центар, во ГОБ „8 Септември“ и ГОБ „Св. Наум Охридски“

Полициски екипи се на терен каде во тек е увидот, по што ќе бидат познати повеќе информации.

Поврзани содржини