ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА БАНКИТЕ Народната банка веќе ги штити депозитите на граѓаните со мерки

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека најавите за домино-ефект на лидередот на СДСМ Венко Филипче во банките можат да предизвикаат непотребна вознемиреност. Тој порача дека Народната банка веќе презема мерки за заштита на депозитите на граѓаните.

3

Паниката што ја создава претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со најавите за домино-ефект во банкарскиот сектор е неодговорна и може да ја загрози стабилноста на системот, оцени пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5, коментирајќи ги случувањата околу Алта банка.

Лефков нагласи дека Народната банка, како независно регулаторно тело, веќе презема мерки за заштита на заштедите на граѓаните и за стабилноста на банкарскиот сектор.






– Банкарскиот сектор спаѓа во она што се нарекува стратешки економски сектор во државата и кога се пристапува во вакви кризи, треба да се пристапува многу внимателно, имајќи на ум неколку принципи, а тоа е заштита на депозитот и заштедата на граѓаните, меѓутоа и заштита на самиот банкарски сектор – рече Лефков.

Тој посочи дека Народната банка најавила мерки, меѓу кои и зголемување на бројот на места за подигање готовина, за граѓаните полесно да располагаат со своите средства.

– Апелирам дека политиката и прстите на политиката треба да бидат особено внимателни кога станува збор за банкарскиот сектор и не треба на овој начин да се обидуваат да креираат хистерија – истакна пратеникот.

Според Лефков, институциите треба да добијат простор да постапуваат, додека Собранието, преку Комисијата за финансирање и буџет, треба да испита дали надлежните навреме ги исполниле своите обврски.

– Се настојува да се преброди ова и да не се создаде она што Венко го најави како домино-ефект во другите банки. Важно е банкарскиот систем да биде стабилен и многу е важно неодговорни политичари да не постапуваат неодговорно, обидувајќи се да добијат некој политички поен – порача Лефков.

Тој додаде дека надлежните активно работат на мерки за исплата на платите, социјалните придонеси и другите плаќања.

Поврзани содржини