ЗА 3 МЕСЕЦИ ДОМАЌИНСТВАТА И МАЛИТЕ ФИРМИ ЗАШТЕДИЛЕ 14 ОТСТО СТРУЈА Бектеши се пофали со резултатите од мерките за штедење

Според министерот за економија, заштедата на електрична енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи само во декември изнесува 17 отсто.

101

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот фејсбук-профил објави дека заштедата на електрична енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи само во декември изнесува 17 отсто, во ноември заштедата изнесувала 18 отсто и во октомври заштедата изнесувала 17 отсто.

„Тоа значи дека во последните три месеци домаќинствата и малите потрошувачи имаат над 14 отсто заштеда на електрична енергија, што беше препорака од мерките на Владата“ напиша Бектеши.






Министерот додава  дека мерките за штедење  даваат  резултати, потенцираќи дека имаме повеќе од 15 отсто заштеда кај домаќинствата и кај малите потрошувачи, а тоа помага за справување со енергетската криза.

Поврзани содржини