Во неколку училишта во Скопје, во Битола и во Тетово утрово има нови дојави за поставени бомби.
Се очекува официјална потврда на оваа вест од МВР.
Утрово на службените мејлови на училиштата „Никола Карев“ и
„Орце Николов“ во Скопје биле испратени закани за поставени бомби.
Според информации на ТВ21, дојава за бомба има во Основното училиште „Лирија“ во Тетово.
И во училишта низ Битола има дојави за поставени експлозивни направи.