НЕМА МИР, ПАК ДОЈАВИ ЗА БОМБИ Евакуација во „Панче Караѓозов“ и во неколку гимназии
МВР потврди дека дојави за поставени експлозивни направи изутринава пристигнале на електронските адреси на 15 училишта во Скопје.
Нови дојави за бомби утрово пристигнаа на адресите на неколку средни училишта во Скопје.
Закана за експлозивна направа стигнала во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, кое се наоѓа во непосредна близина на Клиничкиот центар. Дојави се испратени и на електронските адреси на гимназиите „Орце Николов“, „Георги Димитров“ и „Јосип Броз Тито“.
Во тек е евакуација на учениците и вработените, а полицијата е на терен и врши антитерористички проверки.
МВР потврди дека дојави за поставени експлозивни направи изутринава пристигнале на електронските адреси на 15 училишта во Скопје.
– Денеска (14.12.2022) во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР.
Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта, во почетокот на неделава имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.