МАНАСТИРОТ ДЕЧАНИ ЗА СТАРТ НА ТУРНЕЈАТА ПО ЗАПАДЕН БАЛКАН Ескобар понеделнички во Приштина, а ќе ја посети и Македонија

738

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, го посети манастирот Високи Дечани.

Како што беше соопштено на Твитер, Ескобар дошол во посета заедно со вршителот на должноста во американската амбасада во Приштина, Алисон Грундер.






Ескобар е во официјална посета на регионот заедно со советникот на Стејт департментот Дерек Шоле. Тие утре ќе останат во Приштина, а ден подоцна, во вторник, на 13 декември, ќе пристигнат во Белград.

Според најавата, Ескобар и Шоле ќе ги посетат и Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Хрватска, по што треба да отпатуваат за Брисел.

Поврзани содржини