ДОЈАВА ЗА БОМБА И ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ Скопското ОУ „Петар Поп Арсов” добило заканувачки имеил
Како што соопштија од Општина Карпош, по приемот на пораката веднаш е известена полицијата, а децата се безбедно евакуирани.
Преку електронска пошта денеска по 15 часот и во основното училиште „Петар Поп Арсов” во Карпош 4 e примена порака со заканувачка содржина, во која е наведено дека е поставен експлозив во објектот. Како што соопштија од Општина Карпош, по приемот на пораката веднаш е известена полицијата, а децата се безбедно евакуирани. Дојавата за бомба била лажна, информира Општина.
Исто така, подоцна и Општина Центар соопшти дека лажна дојава за бомба примило и ОУ „Кочо Рацин“ на Водно.
Инаку, претходно во текот на денот и на меил адреси на осум средни училишта во Скопје била упатена закана за поставена експлозивна направа. По добиената пријава, од МВР потврдија дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а во тек се антитерористички проверки и се презематаа мерки за расчистување на случајот.