НАШЛА БОМБИ И МУНИЦИЈА ВО ПОДРУМОТ НА ПОКОЈНИОТ ТАТКО? Скопјанка открила несекојдневно „наследство“
Полициска екипа извршила увид, а пронајдените предмети биле подигнати за понатамошна постапка.
Рачни бомби и муниција од различен калибар биле пронајдени во подрумски простории во скопската општина Карпош, сопственост на починатиот татко на 44-годишна скопјанка.
Жената вчера во 16:45 часот го пријавила случајот во СВР Скопје, откако во подрумот ги пронашла бомбите и муницијата.
Полициска екипа извршила увид, а пронајдените предмети биле подигнати за понатамошна постапка.
Од МВР не соопштуваат колку бомби биле пронајдени, ниту за каков вид муниција станува збор.