ВО КРИЗА СМЕ ЦЕЛИ 15 ГОДИНИ Опаѓа конкурентноста на македонските компании, предупредува Азески

„Факт е дека, на барање на бизнисот, мерки од државата има. Но, централен проблем е нивната примена, со динамика и во форма која ќе даде брзи ефекти и која ќе ја одржи кондицијата на македонските компании за да опстојат на пазарот, бидејќи тие се моторот на економијата“, вели претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија во интервју за весникот „Вечер“.

143

„Оваа криза е продолжение од кризата што започна во 2008 година и која, практично, никогаш и не заврши. Сериозно застрашувачки е кога ќе се погледне дека во континуитет една и пол деценија никако да се најде одговор за неа, зашто, веројатно, општеството, но и целата светска заедница не најдоа начин да се носат со предизвиците. Особено од почетокот на пандемијата, предизвикана од вирусот ковид-19, од почетокот на 2020 година, стопанството се носи со еден многу тежок предизвик и се бори на повеќе фронтови. Досега вакво искуство не сме имале и затоа секогаш во нашите проекции има сериозна доза на воздржаност и на песимизам. Неизвесноста од новите форми на криза нè тераат да бидеме сериозно претпазливи. Здравствената криза се претвори во финансиска, па во ликвидносна. Во 2021 година следуваше енергетската криза, во која проблем не беше недостигот од енергија, туку цената по која таа треба да се плати“.

Ова го изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, во интервју за во интервју за весникот „Вечер“.






„Генерално, кризата ги погоди сите земји, не само во регионот, туку и во светот. Секоја на свој начин се обидува да се справува со предизвиците, но она што е многу важно е дека секоја од земјите во регионот има и различна почетна позиција од аспект на сопствените суровини, домашната поддршка, изворите на енергија, на деловните односи со одредени големи светски економии итн. Значи, секоја планина носи своја тежина. Во тој контекст, ние во регионот на Западен Балкан сме во нерамноправна положба, па конкурентноста на македонските компании е значително влошена“, вели Азески.

Тој потсети дека Комората повеќепати јавно алармирале дека како увозно зависна земја струјата ќе нè дрма повеќе од очекуваното. Неминовно, тоа водеше кон нова криза, која сега во оваа 2022 година се отсликува како состојба во која царува инфлацијата, цените во малопродажбата растат, а компаниите се борат со конкурентноста и за опстојување на пазарот, објаснува Азески и додава:

– Факт е дека, на барање на бизнисот, мерки од државата има. Имајќи предвид дека кризата сè уште трае и постојано ги менува формата и содржината, поставувајќи нови неизвесности и предизвици, има потреба и простор за нови мерки и за поддршка на бизнисот, за што ние креираме предлози. Но, централен проблем е нивната примена, со динамика и во форма која ќе даде брзи ефекти и која ќе ја одржи кондицијата на македонските компании за да опстојат на пазарот, бидејќи тие се моторот на економијата.

Целото интервју на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини