И ДУРМИШИ Е ПРОТИВ КРАТЕЊЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ Економско социјалниот совет ќе расправа за предлогот на Комората на првата седница

Според министерот за економија со вакви предлози не треба да се демотивираат работниците.

27

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека не треба да се кратат веќе стекнатите права на работниците. Коментирајќи ја иницијативата на Стопанската комора за кратење на празниците, министерот рече дека сепак ова барање, ако стигне до нив, ќе биде ставено на разгледување на седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС) закажана за 19 октомври.

– Работниците имаат стекнати права, кои им припаѓаат ним. Празниците се за граѓаните што припаѓаат на која било религија и ние нема да интервенираме во тој дел – изјави денеска Дурмиши на прес-конференција, на која ја претстави потрошувачката кошничка за август, изготвена од Министерството.






Тој вели дека досега не е стигнат никаков предлог до нив од Стопанската комора, но ако има такво барање, ќе биде ставено на разгледување на ЕСС.

– Ние треба да работиме во делот да ја зголемуваме продуктивноста внатре во институцијата, а не да ги демотивираме работниците со овие чекори – рече Дурмиши оставајќи простор за ова да се дискутира на ЕСС.

Поврзани содржини