ПОСЛЕ РЕЧИСИ ДЕСЕТ ГОДИНИ, ДОАЃА КРАЈ НА БРАКОТ Миа Гот бара старателство над ќерката со Шаја Лабеф

Миа Гот поднесе барање за развод од Шаја Лабеф и побара примарно старателство над нивната четиригодишна ќерка Изабел.

38

Актерката Миа Гот поднела барање за развод од Шаја Лабеф, со кого има четиригодишна ќерка. Во судските документи побарала примарно правно и физичко старателство над детето, а побарала и ниту еден од сопружниците да нема право на брачна издршка по разводот.

Миа Гот, 32, ги поднела документите на 6 октомври во Лос Анџелес, само неколку дена пред десетгодишнината од бракот со 40-годишниот актер. Како причина за разводот навела „непомирливи разлики“, а во документите како датум на разделбата е наведен 28 јули 2025 година.






Двојката се запознала во 2012 година за време на снимањето на филмот „Нимфоманка: Втор дел“. По неколку години врска, во 2016 година се венчаa во Лас Вегас. Нивната љубовна приказна беше исполнета со раскинувања и помирувања: во 2018 година се разделиja, но подоцна повторно се зближиja, а во 2022 година ја добиja ќерката Изабел.

Веста за разводот доаѓа по извештаите од февруари годинава дека актерите веќе подолго време не живеат заедно. По разделбата, Лабеф се преселил во Њу Орлеанс. Нивните претставници засега не коментирале јавно за барањето за развод.

Гот ретко зборува за приватниот живот, но во интервју за списанието „Ел“ во октомври 2025 година отворено зборувала за мајчинството и промените што ѝ ги донело раѓањето на ќерката.

– Да имаш дете е навистина психоделично искуство. Го воспитуваш него, но истовремено ја воспитуваш и верзијата од себе што постоела кога си била на нејзина возраст – рекла актерката.

Таа додала дека љубовта што ја чувствува кон ќерката е огромна и ја опишала како најголемиот подарок во животот. Мајчинството влијаело и врз нејзините професионални одлуки: денес повнимателно ги избира актерските ангажмани, бидејќи времето со детето ѝ е еден од најважните приоритети.

Поврзани содржини