НЕМА ДА СЕ ИЗВИНИТЕ ЗА АНТИРУСКАТА ХИСТЕРИЈА? Захарова ги праша Полјаците за „несреќниот случај“
Дали полските институции кои си дозволија антируски испади и кои го повикаа рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, на полноќ ќе се извинат?, напиша Захарова на Телеграм.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на Телеграм праша дали полските власти ќе се извинат за антируската хистерија што следеше по падот на две ракети на полско-руската територија.
„Претседателот на Полска рече дека падот на ракетата е „несреќен случај“. Дури вчера ја слушавме хистеријата на полските функционери и политичари. Дали полските институции кои си дозволија антируски испади и кои го повикаа рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, на полноќ ќе се извинат?“, напиша Захарова на Телеграм.