ФАТАЛНО ЌЕ БИДЕ ДОКОЛКУ НЕ ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ Рама не одговори дали Македонија и Албанија можe да бидат раздвоени

Рама сепак порача дека секој има право да трча низ времето.

548

Ќе биде фатално ако по толку напорна работа Македонија не го смени Уставот и се врати назад во изолација, порача албанскиот премиер Еди Рама по неколкучасовната седница на владите на Македонија и Албанија во Скопје. Рама не одговори јасно дали во случај на неуспех на уставните измени Албанија ќе се раздвои од Македонија во интегративниот пат. Сепак порача дека секој има право да трча низ времето, пренесува Република.

– Судбината беше да се здружат Македонија и Албанија во болка во долг период. За вас беше многу потешко, но и за нас не беше лесен патот. Измените во случајов за вашата земја мислам дека само слабоста, кратковидоста може да ја вратат за да имаме недоразбирање и да се создадат повторно проблеми – истакна Рама.

Поврзани содржини