ЛАЖНИ СЕ ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ Полицијата утврди дека нема опасност од заканите
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се наведува во соопштението на МВР.
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека и денеска се лажни дојавите за бомби во четири скопски средни училишта.
МВР ги направило сите потребни проверки во четирите училишта на територијата на Скопје кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдило дека станува збор за лажни пријави.