ТИЕ 21,5 МИЛИОНИ ЕВРА БЕА ДАДЕНИ ЗА РЕФОРМИ, А НЕ ЗА СКРИПТИ Левица бара отчет од министерот за образование Шаќири за парите што ги лапна Царовска

„Политиката на Царовска како една од најнеспособните кадри е депласирана, а министерот Јетон Шаќири не понуди ништо ново“, обвинува Левица.

641

Претходната министерка за образование, Мила Царовска, ја задолжила државата за 21,5 милиони евра за реформи за образование, а министерит за образование Јетон Шаќири не дава отчет како се трошат тие пари и во која насока се движи образованието, реагира партијата Левица.

„Парите од тој кредит немилосрдно се раскрчмуваат, а ниту таа, ниту актуелниот министер Шаќири немаат дадено отчет каде, како и на што се трошат. Иако споменатиот кредит првично беше одобрен на име долгорочен развој на образованието, две години подоцна – ги нема парите, но нема ни развој, туку напротив, образованието никогаш не било во полоша ситуација“, вели Левица.






Партијата го обвинува министерот Шаќири дека наместо да инвестира во долгорочен развој, министерот Шаќири троши половина милион евра за скрипти, или за „привремени учебници“, како што тој ги нарекува.

„Политиката на Царовска како една од најнеспособните кадри е депласирана, а министерот Јетон Шаќири не понуди ништо ново. Оттука, неминовно е прашањето дали Шаќири воопшто има претстава во која насока се движи образованието во државава, или единствено е во тек кој сопартиец или коалиционен партнер ги добива тендерите, па макар истото да значи дека училиштата ќе делат свидетелства на 31 август, а учебници на 31 декември? Министерот Шаќири мора итно да даде отчет пред јавноста каде и како се трошат 21,5 милиони евра пари на граѓаните, колку што е задолжена Македонија на име реформи во образованието“, категорични се од Левица.

Поврзани содржини