ТАТКО УДРИЛ ЌЕРКА СО КОЛАТА Ја повредил додека се паркирал во дворот
По преземени мерки, полициски службеници констатирале дека околу 16.30 часот во двор од куќа во селото Куманичево, нејзиниот татко Ц.Ч. (67) додека го паркирал своето возило ја удрил Ј.Ч. со возилото.
Шеесет и седумгодишен кавадарчанец ја удрил со колата својата четириесет и тригодишна ќерка додека го паркирал возилото во неговиот двор, соопшти полицијата.
На 26.10.2022 во 19.10 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општата болница во Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Ј.Ч. (43) од селото Куманичево.
По преземени мерки, полициски службеници констатирале дека околу 16.30 часот во двор од куќа во селото Куманичево, нејзиниот татко Ц.Ч. (67) додека го паркирал своето возило ја удрил Ј.Ч. со возилото.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.