ГО ИСТЕПАЛ СВОЈОТ 76-ГОДИШЕН ТАТКО Кумановец приведен за семејно насилство

0

Четириесет и петгодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека физички го нападнал својот татко.

„На 07.09.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.М.(45) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:10 часот физички го нападнал неговиот 76-годишен татко и на тој начин постапил спротивно на судска одлука за заштита од семејно насилство’, информираат од Секторот за внатрешни работи.






Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против А.М ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини