ЈА ИСТЕПАЛА 19-ГОДИШНАТА ЌЕРКА, ГО МАЛТРЕТИРАЛА И СВОЕТО БЕБЕ Пријава за 35-годишна тетовчанка

За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.

0

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 23:40 часот ја уапсија 35-годишната З.М. од Тетово, по претходна пријава дека физички ја нападнала својата 19-годишна ќерка.

Според пријавата на ќерката, З.М. го запоставувала и малтретирала и своето десетмесечно бебе.






За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово. По целосно документирање на случајот, против З.М. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини