АПАСИЕВ ЌЕ ГО ПРИЈАВИ ЏАФЕРИ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ Во известување до медиумите Џафери ја навел и адресата на Апасиев
Ќе биде поднесено правно средство за утврдување на повреда до Агенцијата за заштита на лични податоци, велат од Левица.
Претседателот на Левица Димитар Апасиев ќе поднесе пријава до Агенцијата за заштита на лични податоци за претседателот на Собранието Талат Џафери бидејќи ја објавил неговата домашна адреса.
Од Левица за „Фокус“ објаснуваат дека тоа се случило при испраќањето на известувањето за одлуката за враќање на иницијативата за референдум, кое Џафери го проследи и до медиумите.
– Претседателот на Собранието Џафери до медиумите на писменото известување во врска со поднесената иницијатива за референдум, објави и лични податоци за подносителот Димитар Апасиев. Од негова страна ќе биде поднесено правно средство за утврдување на повреда до Агенцијата за заштита на лични податоци, велат од Левица.
Во известувањето за иницијативата за референдумот упатено до Апасиев, кое Џафери го испрати до медиумите, а голем дел од нив го објавија јавно, стои и домашната адреса на лидерот на Левица. Домашната адреса се смета за личен податок.