ДКСК НЕ ЈА НИ ПОЧЕКА ПРЕТСТАВКАТА ЗА „БРОИЛО“ Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека очекувано е дека нема да биде отворен предмет за Ковачевски
Во услови на криза некој профитира, добива 26.000.000 евра, постои сериозна индиција за трговија со влијание, а ДКСК однапред крева раце. Ова е уште еден во низата коруптивни скандали и спречување на борбата со корупцијата што ја втурна државата во кризи и сиромаштија. За многу кусо време јавноста ќе ја види спрегата на ДКСК со СДС, се вели во партиското соопштение.