ДЕНЕСКА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ГИ ДОЗНААТ КРИЗНИТЕ ПРОФИТЕРИ ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со аферата „Броило“

398

Аферата „Броило” која ќе ја објавиме денеска на прес-конференција ќе ја открие вистината за тоа кои фирми и кои функционери од антимакедонската СДС се богателе на грбот на граѓаните. Користејќи ги кризните состојби во државата, лица од власта на анти македонската СДС краделе од парите на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

“Во Македонија дневно затвораат по 10тина бизниси и на улица, без работа остануваат 100-тина луѓе, а некои преку криминални тендери и со пари на граѓаните се богатат. Клептоманите од СДС не мислеле, и не работеле за излез од енергетската криза, туку работеле за личен профит. На фирми на високи функционери од власта им вртело електричното броило за богатење. Ова афера ќе ги открие кризните профитери. Додека стопанството тоне, граѓаните не знаат како да ги платат високите сметки на електрична енергија, кризните профитери енермно се богателе“, се наведува во соопштението.

Од партијата додаваат дека скандалот „Броило“ ќе ги разоткрие бизнис шемите за богатење на „клептоманите од СДС, и исто така ќе покаже зашто оваа власт грчевито се бори за продолжување на кризната состојба во енергетиката“.

Поврзани содржини